Лажна дојава за бомба во Бољшој театар

Од:

По дојава за поставена бомба во Бољшој Театар во Москва, беа евакуирани најмалку 350 лица, но подоцна се утврди дека станува збор за лажна закана.

– Заканата за бомба во московскиот Бољшој театар била лажна, изјави за Тасс извор од полицијата, откако беше извршен увид во објектот.

Според него, при увидот не е откриена ниту експлозивна направа, ниту експлозивни материи во зградата на и неговата околина.

Портпаролката на Бољошој театарот, Катерина Новикова, претходно денеска изјави дека околу 350 луѓе биле евакуирани од тој театар, откако била добиена анонимна закана за поставена бомба.

Експерти за итни случаи и кучиња трагачи се испратени на местото на настанот, а извор од полицијата за Тасс изјави дека околу 500 лица биле евакуирани.

Би можело да ве интересира

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ