Лажирал сопствено брутално киднапирање за да ужива сам без сопругата

Од:

Рогељо Андаварде од Единбург во Тексас во вторникот во друштво на сопругата уживаше во мирна семејна вечера кога во домот им влегле двајца маскирани и до заби вооружени мажи и го одвеле.

Преплашената Марија Хернандез го повикала одделот на локалниот шериф и го пријавила киднапирањето. Тој покрена опсежна потрага во која било вклучен и хеликоптер.

После цела ноќ и ден безуспешна потрага, шерифот Гуадалупе Тревино ги повлекол своите луѓе.

Марија со страв го очекувала повикот од киднаперите на сопругот, но на нејзино големо изненадување тој се појавил во четвртокот наутро и објаснил дека неговите киднапери покажале милост и го пуштиле дома.

Но, на истражителите приказната не им звучела веродостојно, па случајот дополнитело го истражиле. После макотрпно испитување Рогељо признал дека целата случка ја измислил за да може да помине некое време со своите пријатели и малку да се забавува.

– Е па сега убаво ќе се забавува во затворот, порача после затворањето на истрагата шерифот Тревино и додаде дека ова може за некој да звучи смешно, но сепак се работи за многу сериозен случај.

– Но, затворот не е ништо во споредба со тоа што го очекува дома. Мора сето ова да го објасни и на сопругата, заклучи шерифот.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ