Пред да биде откриен, лажниот бискуп им изјавил на новинарите дека католичките бискупи погрешиле кога ги селеле свештениците обвинети за педофилија, во други парохии.
Швајцарската гарда го изнесе италијанецот облечен во лажна свештеничка облека од состанокот на католичките кардинали. Инцидентот се случи во понеделникот кога еден маж се “прошверцувал” на состанокот затворен за јавноста.
Пред да биде откриен, лажниот бискуп им изјавил на новинарите дека католичките бискупи погрешиле кога ги селеле свештениците обвинети за педофилија, во други парохии. Им изјави на новинарите дека се вика Басилиус и дека е епископ на италијанската православна црква, која не постои.
Измамникот носел виолетов шал околу раката, сличен на оној што го носат постарите католички прелати и се ракувал и разговарал со свештениците и кардиналите кои пристигнувале на состанокот, пишува Франс 24.