Лавров: „Женева 2“ само со учество на сите страни

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави денеска во Виена дека Москва е подготвена за нов состанок за Украина, но под услов на него да присуствуваат сите страни, вклучувајќи и активисти од источна Украина.

– Состанок со ист формат како оној во Женева од 21 април на кој опозицијата не би учествувала, не би имал корист и не не приближува до решение, изјави Лавров на прес конференција на маргините на министерската конференција на Советот на Европа во Виена.

Предлогот за Женева 2 беше даден пред неколку дена од шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер. Тој побара национален дијалог во Украина во кој би се сослушале сите страни меѓу кои и од југот и истокот на државата.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски