Лавров: Западот го загуби интересот за соборениот авион

Од:

Западните земји по се изгледа го загубија интересот за истрагата за соборување на малезискиот авион над источна Украина со 298 патници и членови на екипажот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Се добива впечаток дека сите други го загубиле интересирањето за истрагата. По почетните силни и речиси хистерични обвиненија на сметка на Русија и проруските сили во Украина, изгледа дека сега сите молчат. Ние сме практично единствена земја, која се обидува да го задржи вниманието на ова мошне важно прашање, истакна Лавров на деншената средба со новинарите.

Тој рече дека Русија ќе продолжи да трага по вистината, не само за овој случај, туку и за други нерешени случаи.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци