Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска пристигна во Техеран каде со иранските лидери ќе разговара на повеќе теми, меѓу кои секако и за начинот за спасување на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, јави ДПА.
Лавров во иранската престолнина треба да се сретне со неговиот колега Џавад Зариф и претседателот Хасан Рохани, јави агенцијата ИРНА, додавајќи дека се очекува да се разговара и за кибер нападот врз нуклеарен објект во Натанц, во централен Иран.
Техеран вчера го обвинува ционистичкиот непријател Израел за овој „терористички акт“ за саботирање на преговорите во Виена, што треба да продолжат кон крајот на неделава, а со тоа и за нуклеарниот договор со петте членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија.