Лавров во посета на Истанбул на разговори со Давутоглу

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристига денеска во Истанбул на средба со турскиот колега Ахмет Давутоглу во рамки на Советот за соработка на високо ниво меѓу двете држави.

Тоа е трета годишна средба на заедничката група за стратешко планирање меѓу Русија и Турција која дејствува под закрила на Советот за соработка на високо ниво.

На средбата на групата ќе бидат разгледани билатералните односи, анализирани можностите за соработка во нови области и ќе бидат разменети мислења за регионални и меѓународни прашања, јавуваат турски медиуми.

За време на разговорите ќе се анализираат и перспективите за соработка во Црноморскиот регион како и перспективите за заемни акции во рамки на Организацијата за црноморска економска соработка.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски