Лавров: Убиството на Сулејмани ги надминува сите граници

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека убиството на иранскиот врховен командант Касим Сулејмани ги надминува сите правни и човечки граници.

Тој оцени дека неговото убиство е само кулминација на илегалните потези на Вашингтон.

– Русија е против обидите за ескалирање на ситуацијата, без разлика од каде доаѓа, истакна Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде и дека Русија е против ескалирање на тензиите во Персискиот Залив.

– Не можеме да ги затвораме очите пред фактот дека се започна во моментот кога САД, пред неколку години, објавија дека сите проблеми во регионот се случуваат поради активностите на Иран, но и дека Техеран треба да престане да вежба влијание врз случувањата околу своите граници, нагласи Лавров на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа