Лавров: Тврдењата дека руски војници се борат во Украина се шпекулации

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги оцени денеска како „шпекулации“ тврдењата дека руски војници се борат во источниот дел на Украина.

– Многупати слушаме различни шпекулации, а ниту еднаш не приложија докази, истакна Лавров на прес-конференција.

Москва вчера го информира Киев за својата намера да испрати нова пратка хуманитарна помош за југоисточниот дел на Украина.

– Земени се предвид предлозите на Украинците, кои веќе дадоа принципиелна согласност и ја разгледуваат логистиката на вториот конвој. Имаме заедничко разбирање како да го испратиме овој втор конвој, така што ќе биде гарантирана и безбедноста, а пратката ќе биде доставена, нагласи Лавров.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци