Лавров: Сите молчат после тестовите на нашата најнова ракета

Од:

Русија не добила никаква официјална реакција на тестовите на ракетата „9M730 Буревесник“ наречен од НАТО „SSC-X-9 скајфол“ преку дипломатски канали, „сите некако замолчеа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Не сум слушнал дека имало какви било реакции преку дипломатски канали. Сите молчат“, нагласи министерот на прес-конференција по пленарната сесија на високо ниво на третата Меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија тестирала напредно оружје оваа недела за време на воените вежби на нуклеарните сили. Како што истакна, тестовите на ракетата Буревесник се завршени.

Константин Воронцов, заменик-директор на Одделот за неширење и контрола на оружјето при руското Министерство за надворешни работи, изјави за време на состанокот на Првиот комитет на Генералното собрание на ОН дека тестовите на ракетата Буревесник се извршени во согласност со меѓународните обврски на Русија.

Би можело да ве интересира

Нова ера на оружје: Руска ракета што не познава ограничувања на дострелот

Лавров остро и одговори на Калас: Срам за ЕУ

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски