Лавров: Шансите за успех на примирјето во Сирија се под 50 отсто

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека шансите се спроведување на договорот за еднонеделен прекин на огнот во Сирија се под 50 отсто.

– Веројатноста за пропаѓање на примирјето е поголема од шансите за негов успех, изјави Лавров во обраќањето на Безбедносната конференција во Минхен, додавајќи дека за спроведување на договорот за прекин на огнот и за надминување на хуманитраните проблеми потребна е соработка и непрекината координација меѓу Русија и САД.

Како што јави ТАСС, Лавров оцени дека со поставувањето ултиматуми сириската опозиција се обидува да предизвика поделби во Меѓунардоната група на пријателите на Сирија, оценувајќи дека барањата за промена на терминот „примирје“ со „прекин на огнот“ во постигнатиот договор е само „каприц“ на опозициските групи кои ги поддржува Саудиска Арабија.

Лавров при тоа упати апел до земјите „вмешани во конфликтите на Блискиот Исток“ да ги одложат „своите обиди за промена на режимите и за остварување на геополитичките амбиции“ во интерес на борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски