Лавров: Се обидуваме да ги разбереме изјавите на Трамп

Од:

Москва би сакала да разбере што значи изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за рок од 50 дена за завршување на украинската криза, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, потсетувајќи дека американскиот лидер постојано наведувал различни временски рамки за ова.

„Понекогаш беа 24 часа, понекогаш сто дена, поминавме низ сето тоа и навистина сакаме да разбереме што го мотивира американскиот претседател“, изјави Лавров пред новинарите по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ШОС (Организација за соработка во Шангај), пренесува ТАСС.

Трамп рече дека САД ќе воведат 100 проценти царини за руски стоки и секундарни санкции за Русија и нејзините трговски партнери доколку Москва и Киев не постигнат договор за решавање на вооружениот конфликт во рок од околу 50 дена.

Би можело да ве интересира

План за Газа пред празниците – дипломатска офанзива на Трамп

ВИДЕО: Трамп вели дека Украина „нема карти“ и пропуштила шанса да постигне договор

Трамп: Сè уште многу го сакам Илон Маск

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп најавува напади во Венецуела: „Знаеме каде се и ќе почнеме наскоро“

Горан Наумовски

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре да влезе во нашата земја

Горан Наумовски

Трамп му се закани на Хондурас со „пеколна одмазда“