Лавров: САД почнуваат подобро да ја разбираат позицијата на Русија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изрази уверување дека САД почнале подобро да ја разбираат позицијата на Москва, особено во однос на Украина, по средбата во Саудиска Арабија со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Четири и полчасовните разговори во Ријад беа први на такво ниво од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Состанокот имаше за цел да ја постави основата за обновување на билатералните односи по враќањето на Доналд Трамп на власт и неговиот телефонски разговор со Владимир Путин, оставајќи ги Украина и Европа настрана.

Разговорите, сепак, претставуваат и почеток на решавање на конфликтот во Украина, според Вашингтон и Москва, како и дискусии за безбедноста во Европа во целина, наведува Кремљ.

Имам причина да верувам дека Американците почнаа подобро да ја разбираат нашата позиција“, рече Лавров на прес-конференција, наведувајќи дека разговорот со неговиот американски колега бил корисен.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Трамп бара нов претседател на Украина, договорот со Путин за дизел-гориво отвора нови тензии

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Маѓар: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

Песков: Способноста на Украина за изведување напади се намалува од ден на ден

Горан Наумовски