Лавров: САД би можеле да почнат воена акција во Венецуела

Од:

Москва верува дека Вашингтон може да почне воена интервенција во Венецуела, занемарувајќи го ставот на латиноамериканските земји, предупреди денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорот со вршителот на должност потпретседател на Венецуела, Делси Родригес.

Лавров, меѓутоа, оцени дека американските планови за воена интервенција во Венецуела нема да успеат доколку не добијат поддршка од Колумбија и Бразил.

– Соседите на Венецуела, особено Бразил и Колумбија, тврдат дека сигурно нема да ги поддржат плановите за воена интервенција во оваа земја. Ако соседите на Венецуела го одржат својот збор и останат на таа позиција, тогаш, најверојатно, американските планови нема да бидат ставени во акција, изјави Лавров во Москва на заедничка прес-конференција со Родригес.

Според него, освен неколку американски сојузници, не постои земја која ги поддржува плановите за воена интервенција во Венецуела.

Лавров повторно укажа на силната поддршка за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и ги критикуваше САД за спроведување на „цинична кампања насочена кон соборување на легитимната Влада на Венецуела”.

Родригес, кој е во посета на Москва, рече дека Венецуела ќе се потпре на снабдувањето со храна и лекови од Русија, бидејќи се соочува со блокада предводена од САД и порача дека на руските инвеститори вратата ќе им биде отворена.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски