Лавров: Русија не гледа причина да ја запре операцијата на своите сили во Сирија

Од:

Русија засега не гледа основа да ја запре операцијата на своите Воздухопловно-вселенски сили (ВВС) во Сирија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, цитиран од ТАСС.

– Не гледам основа за запирање на операцијата на ВВС во Сирија, додека не се победат терористите, изјави тој, цитиран од ТАСС.

„Руските напади нема да запрат се додека ние целосно не ги победиме организациите Исламска држава и Џебхат ал Нусра“, подвлече Лавров, цитиран од француските медиуми.

Според Лавров, „некои луѓе од опозицијата, формирана по список од Ријад, се премногу размазени од некои спонзори, посебно од Турција, кои еднострано ја блокираа појавата на курдската Партија за демократска унија на женевските преговори“, пренесе ТАСС.

-Од самиот почеток на работата Групата за поддршка на Сирија сфативме дека таа им помага на опозицијата и на владата преговорите да бидат без претходни условувања, да бидат инклузивни. Затоа апсолутно кусогледа и бесперспективна е позицијата да сметаш на спонзорите од странство дека ќе се договарат место тебе и место тебе ќе поставуваат ултиматуми, изјави тој.

Во „опозициската група од Лозана, исто така, има каприциозни луѓе, кои поставуваат претходни услови, кои немаат ништо заедничко со женевското коминике и резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН“.

Русија смета и ќе инсистира сите делегации на опозицијата и на владата „да не се раководат од своите амбиции, туку од интересите на народот“, истакна Лавров.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран