Лавров: Русија испорачува оружје во Сирија согласно договорите од времето на СССР

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва и доставува оружје на Сирија согласно договори од советско време и инсистира на тоа дека испораките се за одбранбени цели, а не за да го поддржат претседателот Башар ал Асад, соопштија светските агенции.

„Што се однесува до руско-сириската воено-техничка соработка, таа секогаш била насочена кон зацврстување на одбранбените способности на Сирија пред можната надворешна закана, а не кон поддршката на Башар ал Асад или кој и да било друг“, изјави Лавров.
Тој нагласи дека оружјето што Русија и го испраќа на Сирија согласно договори од советско време, не го прекршуваат меѓународното право.

Лавров изјави дека Русија не поддржува ниту една фракција во сирискиот конфликт и ги обвини странските сили дека ја вооружуваат опозицијата, која се обидува да ја собори владата, и на тој начин го прекршуваат меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио