Лавров: Русија и помогна на Италија на барање на премиерот Конте

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска реагираше на изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој наведе дека Русија и Кина ја користат пандемијата за да ја зајакнат својата геополитичка улога во светот.

– Русија и пружи помош на Италија по директното барање на премиерот на таа земја, господинот Конте, истакна Лавров во онлајн интервју за руски и странски медиуми.

Лавров изрази жалење поради изјавата на Борел, наведувајќи оти „има луѓе кои се обидуваат се што се случува во Италија да го претстават како воена интервенција на територијата на НАТО или на Европска Унија“.

Тој додаде дека такви наводи се појавиле и во дел од италијанските медиуми.

Од 22 до 25 март во Италија беа испратени 15 руски авиони со помош, потоа околу сто вирисолози и епидемиолози од руското Министерство за одбрана, осум тимови лекари и медицински сестри, медицинска опрема и дезинфекциски средства.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина