Лавров: Русија е за разговори меѓу Анкара, Дамаск и Курдите

Од:

Русија ќе го охрабри дијалогот меѓу Дамаск и Анкара, но и со курдските организации, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој изрази уверување дека тие контакти можат да ги задоволат интересите на сите страни.

Лавров оцени дека „оправданата загриженост“ на Турција за ситуацијата долж сириската граница може да се реши врз основа на постојните договори.

– Од почетокот на кризата во Сирија, ние потенциравме дека ја разбираме легитимната загриженост на Турција за безбедноста на нејзината граница, но во исто време нагласивме дека начинот за решавање на ситуацијата меѓу Дамаск и Анкара е Договорот од Астана, потпишан во 1998 година, рече Лавров.

Тој додаде дека ефикасното спроведување на договорот, што предвидува заеднички напори за борба против тероризмот на турско-сириската граница, е искомплицирано со активностите на САД и нејзините сојузници на источниот брег во Еуфрат.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот