Лавров: Русија е подготвена да посредува помеѓу Индија и Пакистан

Од:

Русија е подготвена да им понуди на Индија и Пакистан платформа за разговор, откако се зголемија тензиите помеѓу двете нуклеарни сили, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Секако, ако сакаат, наведе Лавров.

Во меѓувреме, тензиите помеѓу Њу Делхи и Исламабад почнаа да се намалуваат откако пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши денеска изјави оти Индија доставила податоци за воздушните напади во пакистанскиот дел на Кашмир.

Портпаролот на пакистанското МНР, Нуханед Фајсал истакна дека Исламабад ќе ги испита информациите доставени по дипломатски пат, но не наведе какви документи се доставени до пакситанските власти.

Индија испрати документи откако премиерот на Пакистан, Имран Кан предложи преговори со Индија.

Кан најави и дека индискиот пилот, кој е заробен од пакистанските сили утре ќе биде ослободен.

– Како гест на мир, ние утре ќе го ослободиме, наведе Кан пред Парламентот.

Претходно, и Куреши изјави дека Пакистан е подготвен да го ослободи заробениот пилот со цел да се намалат тензиите со соседна Индија.

– Ние сме подготвени да го вратиме заробениот индиски пилот, ако тоа доведе до деескалација.

Тензиите помеѓу двете азиски нуклеарни сили почнаа на 14 февруари по нападот врз припадници на индиската армија во Кашмир од страна на муслиманските сепаратисти, при што загинаа најмалку 40 војници. Њу Делхи за нападот го обвини Пакистан.
Како одговор на нападот, индиски борбени авиони извршија воздушни напади врз позициите на сепаратистите на територија на Пакистан.

На нападите пакистанската армија вчера одговори со соборување на два индиски воени авиона, за кои тврди дека навлегле во воздушниот простор на Пакистан.

Индија и Пакистан во текот на ноќта разменија оган на границата во регионот на Кашмир.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје