Лавров: Решавањето на конфликтот меѓу САД и Иран мора да ги земе предвид интересите на другите страни

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вечерва изјави дека секој договор за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран мора да ги одразува интересите на сите страни, а не само на земјите директно вклучени во борбите.

– Не само Иран, неговите соседи и САД, туку сите земји кои на еден или друг начин трпат негативно влијание врз глобалната економија поради моменталната ситуација, изјави Лавров за новинарите по посетата на Мозамбик, објави Ал Џезира.

Тој рече дека Москва има заеднички став за случувањата околу Иран, Ормутскиот теснец и поширокиот регион на Персискиот Залив.

„Тргнуваме од фактот дека овој конфликт, секако, мора да се реши. И може да се заврши само со договор што ги одразува интересите на сите страни“, рече рускиот министер за надворешни работи, додавајќи дека тој мора да биде фер.

Лавров не даде детали за можниот формат на таков договор, но зборуваше за потребата од дипломатско решение на кризата.

Би можело да ве интересира

Невремето на источниот брег на САД слабее, околу 300.000 потрошувачи и натаму без струја

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски