Лавров: Примирјето во Украина „општо земено“ се почитува

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека примирјето во источниот дел на Украина „општо земено“ се почитува, а Москва се надева преговорите за статусот на териториите околу Доњецк и Луганск да започнат многу брзо.

На прес-конференција во Москва по средбата со својот колега од Мали, Абдулае Диоп,  Лавров истакна дека Москва е загрижена од зголемување на вројот на војници во некои источни реони на Украина, што според него е знак дека се подготвува „ударна група“.

– Општо земено се почитува договорот, но има инциденти за кои страните меѓусебе се обвинуваат, додаде шефот на руската дипломатија.

Тој истакна дека договорите од 5 септември во Минск се во голем степен „рамкови“ и ќе треба учесниците во процесот да ги детализираат.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци