Лавров: Предлогот на Путин за тридневен прекин на огнот е почеток на директни преговори со Киев

Од:

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот по повод Денот на победата над фашизмот е почеток на директни преговори со Киев без предуслови, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров на прес-конференцијата по Советот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Рио де Жанеиро нагласи дека Москва го смета барањето на Киев за 30-дневен прекин на огнот „за предуслов во оваа ситуација“, објави РИА Новости.

Во врска со одговорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на предлогот на Путин дека прекинот на огнот треба да биде итен, безусловно и да трае најмалку 30 дена, тој рече дека Русија не гледа можности за следење на почитувањето на долгорочното примирје во Украина.

„Способноста на украинскиот режим да организира провокации е добро позната. Нема сомнение дека овие провокации ќе продолжат без оглед на тоа како ќе биде организирано ова примирје. Не гледаме можности за фер мониторинг на почитувањето на ова примирје“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Рубио уверува: Ние сме факторот што може да донесе мир

Руте: Алијансата мора да остане будна – безбедносните закани растат

(ВИДЕО) Украина го погоди нафтоводот „Дружба“ во Русија

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Ова е почеток на нова ера – Европа е енергетски независност од Русија

Кремљ: Не е вистина дека Путин го одби мировниот план на САД за Украина

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Европската улога го спречи можниот договор меѓу САД и Русија за Украина

Горан Наумовски