Лавров: Ништо нема да се смени во украинската криза со доаѓањето на Трамп

Од:

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД нема да го промени односот кон украинската криза, Вашингтон сака да држи се под своја контрола, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за телевизијата „Русија 1“.

„Основниот став на Вашингтон кон украинските, па дури и европските прашања нема да се промени во смисла дека Вашингтон секогаш ќе се обидува да држи под своја контрола се што се случува во областа околу НАТО и самиот НАТО. А Европската Унија е исто што и НАТО во воено-политичка смисла. Како тоа ќе се направи, како тие го замислуваат спроведувањето на нивните контролни функции во нови услови – тоа може да се направи на различни начини. Не се осмелувам да погодувам. Но, не се сомневам дека тие процеси ќе сакаат да ги држат под своја контрола“, рече министерот.

Тој додаде дека предлозите за замрзнување на конфликтот во Украина по линијата на воен контакт се истите договори од Минск во новиот пакет, а уште полоши.

„Сега некои почнаа потрезно да гледаат на конкретната украинска ситуација и да велат: „Изгубеното не може да се врати, ајде некако да го замрзнеме“. Не е важно што предлагаат дури и оние кои сега се обидуваат да бидат претставени како оние кои радикално го менуваат својот став и сакаат да ја прекинат војната – тие сепак велат „ајде да имаме примирје на контактната линија 10 години, а потоа ќе видиме’. Тоа се истите договори од Минск во нов пакет. Уште полошо“, објасни тој.

Лавров вели дека секоја американска администрација сака да ја ослабне Русија и рускиот свет и да ја потисне Русија како конкурент.

Би можело да ве интересира

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Украина: Русите шират дезинформации за бомбардирањето