Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека нема да има руска воена интервенција во Украина.
Тој посочи дека на денешните преговори во Миниск меѓу руските и украинските претставници треба да се разговара за „итно примирје без предуслови“.
– Воена интервенција нема да има, ние сме единствено за мирно решавање на таа тешка криза, на таа трагедија. Сите наши напори се насочени кон политичко решение на ситуацијата во Украина, истакна Лавров.
На средбата во Минск ќе присуствуваат еден или повеќе претставници на проруските сепаратисти.