Лавров: Не се подготвува никаква офанзива против бунтовниците во Идлиб

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека никаква владина офанзива не се подготвува против контролираната од бунтовниците сириска провинција Идлиб и увери дека Москва сака да ги зачува животите на цивилите од тековните операции.

ОН и западните држави, сепак, стравуваат од хуманитарна катастрофа, а изминативе недели сирискиот режим воено се засилува во близина на последната тврдина на бунтовниците.

На германско-рускиот форум во Берлин, Лавров рече дека „тоа, кое во моментов ни се претставува како почеток на офанзива на сириските сили со руска поддршка е лошо претставување на фактите. Сириските сили и ние реагираме само на напади од подрачјето на Идлиб“.

Лавров истакна дека руската страна прави се што е можно, земајќи ги предвид овие прашања и ќе отвори хуманитарни коридори, ќе склучи договор за локално примирје и ќе стори се за да не настрадаат цивили.

Областа Идлиб е последното упориште на вооружената опозиција против сирискиот претседател Башар ал-Асад, но 60 проценти од неа се под контрола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам, составена најмногу од борци од поранешниот клон на Ал Каеда во Сирија.

Според ОН, околу три милиони луѓе, половина веќе се раселени по други региони на Сирија, живеат во Идлиб и во малкуте региони под контрола на бунтовниците во соседството.

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни