Лавров: Москва е подготвена за нормализација на односите со ЕУ, со само врз принципот на еднаквост

Од:

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги нормализира односите со Европската унија, но врз основа на принципот на еднаквост.

-Уште еднаш, сакам да ја потврдам нашата подготвеност за нормализирање на односите со ЕУ, но само доколку на сите им е јасно дека ќе го водиме разговорот врз основа на еднаквост и взаемно почитување, во потрага по рамнотежа на интереси, а не врз основа на еднострани потези и прелиминарни услови, рече министерот Лавров на прес-конференција по средбата со со својот словенечки колега Анже Логар во Москва.

Лавров потенцира дека Москва е загрижена од потезите на Брисел во врска со минирањето на механизмите за соработка со Русија.

Тој додаде дека оваа загриженоста на Москва му ја пренел и на својот словенечки колега затоа што официјалниот став на Европската унија се формира врз основа на позициите на „агресивно малцинство кое страда од русофобија“, пренесуваат руските медиуми.

Логар, од своја страна, на прес конференцијата кажа дека официјална Љубљана е загрижена за „зголеменото воено присуство на Русија на границата со Украина“, како и за ситуацијата со присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск.

Би можело да ве интересира

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати