Лавров: Киев да престане со воени игри, до мир само преку дијалог

Од:

Мир во Украина може да биде постигнат со национален дијалог што ќе ги вклучи сите региони, а условите не може да ги диктира „владата на победникот“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, повикувајќи го Киев да престане со воените игри.

– Првенствено Киев мора да ги прекине воените игри и да ја напушти илузијата дека длабоката криза во Украина може да биде решена со добивање на војната против сопствениот народ, изјави Лавров за „Дејли телеграф“.

Лавров истакна дека од 1. април речиси 775.000 украински граѓани преминале на руска територија, а 190.000 Украинци поднеле барање за бегалски статус во Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Според него хуманитарната ситуација во Доњецк и Луганск е катастрофална и постојано се влошува. Над 2.000 луѓе се убиени, а 5.000 повредени, нагласи Лавров.

Тој повторно ги отрфли обвиненијата за влез на руски сили на украинска територија.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци