Лавров и Могерини разговараа за билатералните односи меѓу Русија и ЕУ

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини разговараа за билатералните односи меѓу Русија и ЕУ, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Средбата се одржала вчера за време на седницата на Советот на Европа во Брисел.

– На средбата е разговарано за прашања како меѓународната соработка во борбата против илегалната имиграција, бројни регионални теми, како и за некои аспекти на билатералните односи меѓу Русија и ЕУ, се наведува во соопштението на Министерството.

Лавров моментно учествува на 125. министерска средба на Комитетот на министри на Советот на Европа, што се одржува на 18 и 19 мај во Брисел.

Рускиот министер за надворешни работи вчера се сретна и со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд. Тие разговарале за голем број теми меѓу кои се меѓудржавна и меѓувладина соработка меѓу членките на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала