Лавров: Хашкиот трибунал одамна требаше да се затвори

Од:

Хашкиот трибунал докажа дека е пристрасен и поради тоа нема причина да продолжи со своите активности, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на панел дискусија на Фестивалот за млади и студенти во Сочи.

– Хашкиот трибунал одамна требаше да се расформира. Дури 80 отсто од случаите покренати во Трибуналот беа насочени против Срби, додека случаите против други националности не се спроведуваа, рече Лавров.

Како пример го посочи косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

– Рамуш Харадинај, кој сега е косовски премиер, беше воен злосторник и обвинет за воено злосторство, но ослободен поради недостиг на докази, затоа што сведоците или исчезнаа на необичен начин или одбија да сведочат, нагласи Лавров.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај