Лидерите на земјите-сојузници на САД отворено се мешаа во американската претседателска кампања, а обвинувањата во таа смисла против Русија се клевета, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Оваа изјава ја даде на прес-конференција по разговорот со австрискиот колега Себастијан Курц, актуелен претседавач со ОБСЕ, пренесе ТАСС.
– Се уште се упатуваат празни, безпредметни, и би рекол, клеветнички обвинувања, изјави Лавров.
– Цинизмот на ситуацијата е во тоа што нас не обвинуваат оние кои сами најактивно се мешаа во изборната кампања, потенцира рускиот дипломат.
– За разлика од нас, цела низа лидери на земји-сојузници на САД отворено агитираа за Хилари Клинтон. Тоа активно го правеа и Ангела Меркел, и Франсоа Оланд, и Тереза Меј, и други лидери на европски држави. Истовремено, официјални претставници на европски земји без задршка го демонизираа Доналд Трамп, додаде Сергеј Лавров.