Лавров: Додик не извршил кривично дело затоа што не ги почитувал одлуките на Кристијан Шмит

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е тешко да се замисли во нормална држава дека претседателот на Република Српска Милорад Додик извршил кривично дело затоа што не ги почитувал одлуките на Кристијан Шмит и нагласи дека БиХ ќе мора да се подготви за непријатни прашања на седницата на Советот за безбедност на ОН во октомври.

„Шмит е активно потпомогнат од Уставниот суд на БиХ, кој е под контрола на ЕУ, и не им дозволува на народите на БиХ да ги решат своите проблеми“, рече Лавров на прес-конференција во Москва по средбата со претседателот Додик.

Лавров рече дека Русија е еден од гарантите на Дејтонскиот договор и ќе продолжи да го поддржува овој најважен документ.

Би можело да ве интересира

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји

Лавров: Русија се истиснува од Нафтената индустрија на Србија и од светските енергетски пазари

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија