Лавров: Апсурдни се обидите за оспорување на изборот на граѓаните на Крим

Од:

Апсурдни се обидите за оспорување на одлуката на граѓаните на Крим за повторно обеднување со Русија, која беше донесена во согласност со меѓународниот закон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Државниот удар од 2014 година подразбираше пропаст на украинската државност, а ултранационалистите кои дојдоа на власт покренаа братоубиствена војна и земјата ја доведоа на работ на поделба, рече Лавров во интервју за италијанскиот политички магазин „Лимес“.

Според него, очигледно е дека слободно изразената желба на населението на Крим на референдумот за независност од Украина и спојувањето со Русија е само реакција на тие настани, пренесува ТАСС.

Рускиот дипломат притоа потсети дека „многу Европски земји сметаа дека е можно да се признае независноста на Косово и покрај фактите дека таму не беше оддржан референдум за отцепување од Србија“.

– Настаните во Донбас покажаа со какви се тешкотии жителите на Крим можеа да се соочат доколку регионот не се обединеше со Русија, заклучи Лавров.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран