Лав во Чешка го уби својот сопственик

Од:

Лав стар девет години го убил својот сопственик во село во источниот дел на Чешка, соопшти локалната полиција.

Мажот одгледувал два лава, двегодишна женка и мажјак, без неопходна ветеринарна лиценца и во затворена просторија изградена без дозвола.

Таткото на сопственикот на лавовите ја повикал полицијата откако го видел неподвижното тело на својот син во живеалиштето на лавовите. Полицијата морала да ги застрела двете животни, а претстaвник на локалната полиција потврди дека 34-годишниот сопственик на лавот е мртов и оти во тек е истрага за инцидентот.

Мажот го чувал лавот од 2016 година, а женката од минатата година. Чешките медиуми јавија дела луѓето во селото постојано изразувале загриженост за присуството на животните.

Минатиот јуни лавицата нападнала и повредила велосипедист, додека се шетала на поводник со својот сопственик.

 

Би можело да ве интересира

Во ЗОО Скопје почина лавот Жика на 16-годишна возраст

(ВИДЕО) Чешката полиција со детали за масакрот: Објавена и снимка од потерата по убиецот

Студентите направиле план, се обиделе да го фатат масовниот убиец: Еден бил мамка

ВИДЕО: Полицијата ги истражува морничавите пораки, напаѓачот од Прага поврзан и со други убиства

(ВИДЕО) Пронајден е лавот кој побегна од циркус во близина на Рим

Во Италија: Лав избега од циркус, се молат жителите да останат дома

Горан Наумовски