Лашет најави дека е подготвен да се кандидира за лидер на партијата ЦДУ

Од:

Премиерот на германската покраина Северна Рајна Вестфалија Армин Лашет денеска најави дека е подготвен да се кандидира за шеф на ЦДУ на партискиот конгрес закажан за 25 април.

Христијанско – демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел вчера одлучи дека кон крајот на април или почетокот на мај ќе го избира својот нов претседател.

Расправата за раководството на партијата почна на почетокот на овој месец, кога наследничката на Меркел, Крамп Каренбауер соопшти дека се повлекува од лидерската позиција во партијата и дека нема да се кандидира за канцеларка на Германија.

Од тогаш почнаа препукувања и „борба“ за лидерската позиција, која, според аналитичарите се заканува да ја разниша партијата.

Главни кандидати за лидер на ЦДУ се Армин Лашет, Фридрих Мерц и Норберт Ретген.

Во својата најава Лашет остро го критикуваше својот конкурент Мерц и изрази жалење што сите кандидати не размислуваат тимски.

Фридрих Мерц е главен претставник на десното крило во ЦДУ и минатата година загуби од Каренбауер на изборот за партиски лидер.

Министерот за здравство Јенс Шпан на заедничка прес конференција, изјави дека се откажал од неговата кандидатура во корист на Лашет, кого го поддржува.

„Јасно е дека само тој може да биде шеф на партијата. Затоа нема да се кандидирам. ЦДУ е поголема од секој поединец“, рече Шпан.

Тој оцени дека ЦДУ е во најголемата криза во својата историја, посочувајќи дека станува збор за криза на доверба.

Шпан рече дека Лашет во својата покраина покажал дека може да ги доближи конзервативците, социјалистите и либералите.

Лашет и Шпан рекоа дека се обиделе во нивниот „сојуз“ да го вклучат и Мерц и оти се изненадени од неговата денешна најава за прес-конференција.

Инаку Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, според прелиминарните резултати, го забележа најлошиот резултат во историјата на локалните избори во Хамбург, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го помина изборниот цензус.

На изборите во градот-држава победи партијата на левиот центар и коалициски партнер на ЦДУ во германската Влада, Социјалдемократската партија (СПД), а добар резултат постигна и партијата на Зелените.
Причината за лошиот резултат на ЦДУ, според Би-Би-Си, е лидерската криза во партијата, откако наследничката на Ангела Меркел, Анегрет Крамп Каренбауер месецов ја најави нејзината оставка.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“