Лас Вегас: Во собата на напаѓачот пронајдени десетина парчиња оружје

Од:

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 406 лица побарале лекарска помош по масакрот на музичкиот фестивал во Лас Вегас.

Полицијата потврди дека напаѓачот е 64-годишниот Стивен Педок, кој се самоуби пред специјалците да упаднат во собата на 32. кат од хотелот Менделеј Беј. Во собата се пронајдени десетина парчиња оружје.

Напаѓачот во Лас Вегас имал значителна предност со оглед на тоа дека бил поставен високо над жртвите. Со 30.000 луѓе, притиснати во мал простор… тој требал само да цели во центарот и да го притисне орозот, изјави за Си-Ен-Ен специјалниот агент на ФБИ во пензија Џејмс Галијано.

Педок живеел во пензионерска населба и немал досие, а и никогаш не направил сообраќаен прекршок.

Полицијата се уште трага по жената Марил Денли, која била со него во соба, а се претпоставува дека во моментот на нападот била во казино.

Австралиските медиуми јавија дека 62-годишната Денли иако пред 20 години се доселила во САД, таа го задржала австралиското државјанство.

Мотивите за нападот се ште не се познати.

Претставник на американската Служба за внатрешна безбедност изјави дека засега не постојат информациии кои би укажале „кридибилна закана“ за други јавни места во САД.

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски