Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Од:

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани ги обвини САД и Израел за поттикнување протести во Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека ќе интервенира доколку бидат нападнати мирни демонстранти.

Лариџани, кој е и поранешен претседател на иранскиот парламент и секретар на Врховниот совет за национална безбедност, како и висок советник на врховниот лидер на Иран Али Хамнеи, на платформата X изјави дека Израел и САД ги поттикнуваат демонстрациите, објави АП.

– Трамп треба да знае дека интервенцијата на САД во решавањето на локален проблем предизвикува хаос во регионот и ги уништува американските интереси, рече Лариџани, додавајќи дека „американскиот народ треба да знае дека Трамп започнал авантура“ и треба да се грижи за американските војници.

Би можело да ве интересира

Трамп го испраќа најголемиот носач на авиони во светот на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Иранскиот лидер Али Хамнеи се соочува со својот најголем предизвик

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски