Вселенскиот брод „Сојуз“ со руски, американски и канадски астронаути денеска е лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица.
– „Сојуз“ ТМА-07М коректно е лансиран во орбитата, соопшти Руската вселенска агенција.
Во вселенскиот брод се наоѓаат рускиот астронаут Роман Ронањенко, астронаутот на НАСА Томас Маршберн и астронаутот на Канадската вселенска агенција Крис Хадфилд.
„Сојуз“ треба да стигне до Меѓународната вселенска станица на 21 декември попладне, а Хадфилд, на кого оваа е трето патување во вселената, ќе ја преземе командата над Станицата, како прв Канаѓанец на таа позиција.