Лајен: Време е да го оставиме Брегзит зад нас

Од:

Највисоките претставници на ЕУ го поздравија потпишувањето на договорот за регулирање на идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

„Ова беше долг пат. Сега е време да го оставиме Брегзит зад нас. Нашата иднина е создадена во Европа“, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека „сега е време за ново поглавје и нови односи“ меѓу ЕУ и Велика Британија.

Главниот преговарач на ЕУ во разговорите со Лондон, Мишел Барние им се заблагодари на преговарачките тимови од двете страни, како и на институциите на ЕУ, за „посветеноста и довербата“ покажана во последните четири години, колку што траеја разговорите за отцепување и идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

„Секоја личност има своја улога во градењето на единството на ЕУ и ви благодарам за тоа“, напиша Барние на Твитер.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе предложи решение за спорот од Брегзит за Северна Ирска

Ана Ололовска

Анкета: Повеќето Британци разочарани од Брегзит

Брегзит: При влез на Европејците во Обединетото кралство задолжителен е пасош

Катерина Павлова-Николовска

Брегзит може повторно да го потпали конфликтот во Северна Ирска

Ана Ололовска

Велика Британија соочена со нова политичка криза по најавата за можен нов референдум за независност на Шкотска

Старџен најави нов референдум за независност на Шкотска