Лајен: Сонот за Европа се протега и на Западен Балкан, посветеноста на Европа ќе биде посилна од онаа на Русија

Од:

Сонот за Европа се протега на Западен Балкан, Украина, Грузија и Молдавија, изјави денеска претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, при претставувањето на нејзиниот нов тим комесари и неговата програма во Европскиот парламент и нагласи дека посветеноста на Европа кон овие земји секогаш ќе биде посилна од онаа на Русија.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе ги поддржи овие земји во процес заснован на заслуги, додека не бидат подготвени да се приклучат на ЕУ.

„Борбата за слобода не се однесува само на нашите 27 земји-членки. Сонот за Европа се протега на Западен Балкан, Украина, Молдавија и пошироко. Ја видовме храброста на народот на Украина во нивната потрага по својот европски пат. Ја видовме издржливоста на народот на Молдавија да ја задржи својата европска иднина. Ја видов и ја видовме посветеноста на Западен Балкан за реформи, раст и подготовка за влез во ЕУ“, рече Фон дер Лајен во своето обраќање пред пратениците во Европскиот парламент, пред гласањето за новиот состав на Комисијата.

Во исто време, тврди Фон дер Лајен, „видовме како Русија нема да застане пред ништо за да ја спречи нивната европска иднина“.

„Но, посветеноста на Европа кон овие земји секогаш ќе биде посилна“, рече Фон дер Лајен.

„Ќе се подготвиме со реформите што ни се потребни на наша страна. Ние ќе ги поддржуваме овие земји на секој чекор од патот во нивниот процес заснован на заслуги додека не бидат подготвени да се приклучат на нашата Унија“, изјави Фон дер Лејен.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

А1он

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

А1он

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

(ВИДЕО) Фон дер Лајен објави план од 5 точки: Европа силно ќе ги зголеми трошоците за одбрана

Фон дер Лајен: Европа мора итно да се вооружи, мора да се подготвиме за најлошото

Катерина Ѓуровски