Лајчак: Концептот за мултикултурализам доживеа неуспех

Од:

Проектот за мултикултурализам дожевеа неуспех, изјави денеска словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, додавајќи дека ваквиот концепт бил наивен, исто како и имиграциските политики на некои европски држави.

– Лошо е кога постојат заедници, кои и економски и социјално, себе си се гледаат на маргините на општеството и стануваат порадикални. Морате да бидете внимателни кого се пуштате да живее во вашата земја, изјави Лајчак за Словачкото радио.

Како што јави ТАСС, според Лајчак, нападот врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, при што загинаа 12 лица, претставува „кукавички напад врз граѓаните и демократијата“.

– Радикален ислам не постои. Постојат само фанатици, како и во другите подрачја, смета Лајчак, кој аплеира да се избегнуваат генерализација и употреба на зборот „војна“, бидејќи тоа може да предизвика дополнителни конфликти.

– Зборот „војна“ терба да се избегнува, бидејќи тогаш навистина можеме да бидеме вовлечени во војна, која би го разорила светот, наведе Лајчак.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент