„ЛА Опера“ најави истрага за обвиненијата против Доминго

Од:

Операта во Лос Анџелес соопшти дека ќе ги истражи обвиненијата за сексуално злоставување изнесени од неколку жени против славниот оперски пејач Пласидо Доминго.

Според обвиненијата, Доминго се обидувал да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги, а во некои случаи ги казнувал и не им давал улоги доколку го одбиеле неговото удварање.

„ЛА Опера“, чиј генерален директор е Доминго најави дека ќе ангажира надворешен советник да ги истражи „загрижувачките наводи“ за оперскиот пејач.

Доминго обвинувањата ги нарече „длабоко вознемирувачки и неточно претставени“, додавајќи оти верува дека неговите разговори и односи биле „добродојдени и обострано прифатени“.

Во меѓувреме операта во Сан Франциско и Филаделфискиот оркестар ги откажаа планираните настапи на Доминго во септември и во октомври.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД