Квирикашвили: Грузија е цврсто определена за влез во НАТО

Од:

Грузија е цврсто определена да влезе во Северноатлантскиот пакт, изјави денеска грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили.

– Активната соработка помеѓу Грузија и НАТО последниве години ја достигна највисоката точка. Грузија е цврсто решена да стане член на НАТО, и ќе продолжи со реформите во таа насока, рече Квирикашвили.

Како што јави ТАСС, дeнеска завршува пленарната седница на НАТО, што започна на 26 мај во грузискиот главен град Тбилиси. Во работата на форумот учествуваат над 600 делегати од 28-те земји членки на Алијансата и претставвници на повеќе од 20 нивни партнери.

За денеска се очекува и усвојување декларација во насока на поддршка на евроатлантската ориентација на Грузија.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје