Кутија ролетни – дом за 40.000 пчели и 20 килограми мед

Од:

Дрвена кутија на прозорска ролетна во една висококатница на риечкa Кантридa криела вистинска заедница од околу 40.000 пчели, кои направиле 20 килограми мед, пишува „Нови лист“.


Невообичаениот дом на градските пчели го откри риечкиот пчелар Бранко Видмар на повик на сопственичката на станот, загрижена поради се поголемиот број инсекти во својот дом.


Вредните пчели, укажува риечкиот весник, забележале дека ролетната на прозорецот во една од собите никогаш не е подигната и внимателно ја изградиле својата импозантна заедница.


Искусниот пчелар Видмар уште пред со огромна мака да ја отвори со мед залепената дрвена кутија ролетни, прогнозирал најмалку 20 килограми врвен мед – и погодил.


Видмар објасни дека медот од ролетните е како оној од природата – нема пестициди, а восокот и медот имаат убави бои.


– Според тоа, производот е од врвен квалитет, со лесен вкус и боженствен изглед… Судејќи според вкусот, потекнува од багрем и липа, заклучи пчеларот.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ