Куртских: Русија ја повика ЕУ на консултации за кибер безбедноста

Од:

Официјална Москва денеска го повика Брисел да одржат заеднички консултации за кибер безбедноста, изјави денеска, Андреј Куртских, специјален пратеник на рускиот претседател за меѓународна соработка во областа на информациската безбедност.

-Ја застапувавме идејата за колективни консултации со Европската унија во кибер безбедноста, рече Куртских, кој е директор на Одделот за меѓународна соработка во сферата на информациската безбедност во руското Министерство за надворешни работи, пренесе Тасс.

Британските меидуми, пак, јавија дека Русија предложила одржување колективни консултации за кибер безбедноста со ЕУ, по успешните разговори со Холандија, Франција и Германија.

-Разговорите со Европејците од неодамна се интензивираа, рече Куртских, додававајќи дека во моментов се одвива војна во кибер просторот и дека таа е многу интензивна.

-Медиумите со право велат дека ова е Трета светска војна и тоа што е важно сега е да ја пресметаме штетата и да утврдиме кој на крајот ќе ја изгуби војната и каква форма на крајот светот ќе добие како резултат на оваа војна, – истакна рускиот дипломат.

Тој забележува дека Русија секој ден спречува милиони кибер напади и ги има потребните технологии за да ја обезбеди својата кибер безбедност.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала