Курдските сили во Ирак денеска соопштија дека воспоставиле контрола врз неколку села во близина на Киркук, кои беа заземени од Исламска држава, јавува БТА.
Курдските сили воспоставија контрола врз селата откако меѓународната коалиција предводена од САД, синоќа изведе воздушни напади врз позиции на ИД во регионот.
Со заземањето на селата курдските милиции се доближуваат до Хавиџа, бастион на џихадистите.