Курдска милитантна група отвори претставништво во Прага

Од:

Курдската милитантана група Единици за народна одбрана (ЈПГ), која во Сирија војува со радикалните исламистички движење, во Прага го отвори своето европско претставништво.

Организацијата објави во соопштение за медиумите во кое се вели дека тоа е обид за добивање на политичка, граѓанска и хуманитарна помош во борбата против исламскиот тероризам, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Во Прага свои претставници ќе имаат и курдските борци-жени, припаднички на ЈПГ.

Западот и Русија, ЈПГ ја сметаат за активен учесник во борбата против против Исламската држава и другите радикални исламистички групи кои војуваат на северот од Сирија.

Сирискиот сосед Турција е против ЈПГ, поради тоа што врз неа контрола има партијата на сириските Курди, Демократската унија, која се смета за сестринска организација на Курдската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка организација.

– Чешка не ја избравме случајно. Во вашата историја, гледаме паралели со нашата борба за демократија, човекови права и за слобода. Без разлика дали тоа е борба за национално самоопределување во Австро-Унгарската Империја, настаните од Прашката пролет или Кадифената револуција во 1989 година, изјави Шеруан Хасан, претседателот на ЈПГ за Европа.

Според него, борбата на ЈПГ против меѓународниот тероризам целосно е во согласност со интересите на Чешка и нејзините сојузници.

– Со ваша поддршка можеме во областите кои се под наша контрола да обезбедиме безбедна зона за сите Сиријци, без разлика на нивната националност или религија и да го ублажиме влијанието на миграциската криза, која по многу нешта и се заканува на современа Европа, вели Хасан.

Република Чешка официјално не го признава постоењето на т.н. сириски Курдистан, како независна или автономна државна единица.

– Како последица на тоа, (Чешка) не признава ниту какви било нејзини политички претставници, се вели во соопштението на чешкото Министерство за надворешни работи објавено на интернет- страницата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски