Курц: Постигнат е договор за раководителите на водечките тела на ОБСЕ

Од:

Претседавачот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц соопшти дека на денешниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на членките на оваа паневропска организација во Мауербах е постигнат начален договор за имињата на личностите кои ќе ги заземат четирите водечки функции во ОБСЕ.

На прес-конференција во Мауербах Курц нагласи дека е постигнат договор нов генерален секретар на ОБСЕ да биде Швајцарецот Томас Гремингер, додека досегашниот носител на оваа функција Ламберто Заниер треба да го преземе местото висок комесар за национални малцинства на Организацијата.

Според Курц, поранешната шефица на исландската дипломатија Ингибјерг Солрун Гисладотир ќе ја преземе должноста директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), а претставник на Организацијата за слобода на медиумите ќе биде некогашниот француски министер за европски прашања Арлем Дезир.

Курц нагласи дека ова се предлозите по кои е постигната политичка согласност меѓу учесниците на министерскиот состанок, додавајќи дека очекува најдоцна до утре ваквите предлози да бидат и официјиално потврдени.

Шефот на австриската дипломатија ја искористи прес-конференцијата уште еднаш да укаже на опасноста што доаѓа од странските борци кои од боиштата од Сирија и Ирак ќе се вратат во европските земји.

– Од државите членки на ОБСЕ има околу 10.000 лица кои се борат во Сирија и Ирак. Тие претставуваат масовен безбедносен ризик по нивното враќање дома. Затоа имаме јасна цел заеднички да ги разбиеме терористичките мрежи во Европа, нагласи Курц.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг