Курц: Пандемијата ги покажа слабостите на ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска, по повод Денот на Европа, дека пандемиската криза ги покажа слабостите на ЕУ, а министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, подвлече дека минатата година е изгубена во однос на проширувањето на ЕУ, и тоа не смее да биде сега бидејќи ЕУ е нецелосна без Западен Балкан.

– Изминатите месеци од пандемијата не само што беа предизвикувачки за сите граѓани во Европа, туку кризата јасно ги покажа сите слабости на ЕУ во споредба со другите актери. Затоа е сега важно да се надомести недостигот со брзо и ефикасни мерки. Ние го охрабруваме заедничкиот пазар преку модернизација и дигитализација, нагласи Курц.

Тој додаде дека претстојната Конференција за иднината на Европа е шанса да се одржи отворена дебата за тоа што ЕУ мора да стори во иднина, а Австрија ќе придонесе за позитивниот развој на Унијата и зачувувањето на заедничките вредности.

Министерот за надворешни работи Александар Шаленберг истакна дека Европа мора да биде поставена така што ќе биде подготвена за во иднина.

– Клучот е проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан. Минатата година беше изгубена година за целиот регион и сега е важно да се надомести застојот, бидејќи штетата ќе се зголеми. Без нашите партнери во Западен Балкан, ЕУ не е целосна, изјави Шаленберг.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски