Курц: Неприфатливо е унгарското укинување на прописот за барателите на азил

Од:

Унгарското укинување на клучниот европски пропис за барателите на азил е неприфатливо и ќе има последици, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

– Австрија тоа не може да го толерира, му порача Курц на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сзијарт.

Унгарската конзервативна Влада го суспендираше вчера во име на унгарските интереси прописот наречен „Даблин 3“, со кој се организира разгледувањето на барањата за азил во Европа.

Овој текст одредува дека барањето за азил треба да го разгледува првата европска земја во која ќе пристигне личноста.

Според официјалните податоци унгарската полиција уапсила над 60 илјади илегални имигранти меѓу 1 јануари и 22 јуни. Најголемиот дел од овие лица, од кои повеќето пристигнале од Сирија, Ирак и Авганистан, но и од Косово, се уапсени на унгарско-српската граница.

Европската комисија синоќа побара објаснување од Будимпешта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година