Курц го предава претседавањето со ЕУ на Романија

Од:

Австрискиот канцелар Себајстијан Курц ќе отпатува утре во Романија за симболично да му го предаде претседавањето со ЕУ на официјален Букурешт.

Планирани се состаноци со премиерката Виорика Данчила и претседателот Клаус Јоханис, како и посета на школата за социјалниот проект „Конкордија.

Ова е првпат Романија, која е членка на ЕУ од 2007 година да претседава со Унијата.

Официјален Букурешт на почетокот на претседавањето ќе биде соочен со продолжување на решавањето на прашањето за Брегзит, бидејќи е предвидено Велика Британија да излезе од Унијата на 29 март 2019 година.

Романија, исто така, ќе мора да се занимава со идниот буџет на ЕУ.

Почетокот на претседавањето на Романија со ЕУ доаѓа во многу чувствителен момент за односите меѓу Букурешт и Брисел, бидејќи ЕК во извештаите за напредокот во ноември укажа на проблемите и ја критикуваше Владата поради правосудството и институциите за борба против корупција, а потоа премиерката ја критикуваше ЕУ дека ја дискриминира Романија.

На друга страна, претседателот Јоханис ја критикуваше Владата на Романија дека не се подготвила доволно за претседавањето со ЕУ, поради што Владата изнесе намера да му суди за велепредавство.

Во очи на посетата, Курц ги пофали добрите економски и политички односи на Австрија и Романија.

-Австрија е трет најголем странски инвеститор во Романија. Нашите земји имаат многу заеднички интереси и традиционално соработуваат, на пример, кога станува збор за Западен Балкан, Подунавјето и источното партнерство на ЕУ, наведе во соопштението Курц.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп